Состојки:
Млеко од бадем
- 1 рака бадеми
- ½ лажица јаворов сируп *вода по желба
Додадете ги состојките во Milky Plant машината, обрнете внимание да не ја надминете линијата за максимум.
Наполнете го бокалот за вода.
Стиснете START и почекајте неколку минути да се направи млекото.
Колачиња:
- 75гр. путер по избор
- 60гр шеќер
- 2г сол
- 60гр остатокот од бадем што ви остана од правење на млекото
- 70гр овес
- 100гр брашно
- ½ лажица прашок за пециво
- 1 лажица екстракт од ванила
Во сад измешајте путер, сол, остатокот од бадем што ви остана од правењето млеко и екстракт од ванила. Додадете ги останатите состојки и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја смесата во фрижидер 1 час. Изладеното тесто исечете го со помош на калапи за колачиња.
Ставете ги колачињата во замрзнувач 10 мин. Потоа печети ги на 180степени 16-18мин или додека малку не фатат боја одозгора.
Оставете ги целосно да се изедат и сервирајте ги со омиленото слатко.
Уживајте!